Наполитанците пазареа во Болоња


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претсеседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис на својот Твитер профил објави дека ја завршил работата околу трансферот на талентираниот Гвинеец.

Наполи победи во трката за Амадуа Диавара, кој го сакаа Рома, Јувентус, Лестер и Астон Вила.

Болоња прифати да го пушти овој бисер на позајмица која Наполитанците ќе ја платат два милиони евра за сезона, а клубовите се договорија за на крајот на сезоната вицешампионот на Италија да може да го откупи за 13 милиони евра.

Инаку, Болоњезите овој тинејџер го доведоа од Сан Марино во минатото лето за 600 илјади евра, па така може да се констатира дека направија одлична работа од финансиска гледна точка.

Диавара има 19 години и може да  покрива повеќе позиции во средниот ред.