Официјално: УЕФА воведува големи промени во ЛШ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Европската фудбалска асоцијација УЕФА денеска официјално најави воведување на големи промени во ЛШ од сезоната 2018/19.

Како во претходните денови и се зборуваше, новиот систем на натпреварување кој ќе биде усвовен од спомената сезона ќе им се допаѓа на клубовите од најсилните клубови, додека од друга страна  не оди на рака на шампионите од послабо рангираните земји.

Според новите правила, четирите првопласирани тимови од четирите најдобро рангирани земји во Европа ќе изборат директен пласман во ЛШ.

Освен тоа, клубовите ќе зависат само од своите успеси кога е во прашање коефициентот, што значи дека националниот коефициент повеќе не се гледа.

Ќе се смета и историскиот аспект, па клубовите кои во минатото кои ја освојувале ЛШ или ЕЛ ќе имаат дополнителен коефициент.

Потврдено е и тоа дека победникот на ЕЛ ќе има загарантирано место во ЛШ, додека досега постоеше можност за тој да заврши во плеј-оф рундата од квалификациите за ЛШ.

Истотака, од УЕФА нагласија дека паричниот фонд и финансиските награди за клубови-учесници во двете натпреварување ќе биде дополнително зголемен, но во јавностане излезе со конкретни бројки.

Кога се работи само за форманот на натпреварување, ЛШ и понатака ќе брои 32 клуба кои ќе бидат распоредени во осум групи, а двете најдобри од секоја ќе изборат пласман во осмина финалето.

Овие правила ќе бидат усвоени во сезоната 2018/19, а ќе бидат заклучени со зезоната 2020/21, а сите промени можете да ги прочитате на официјалната страна на УЕФА.