Манчестер Јунајтед не му направи услуга на Ливерпул: Сити со победа замина од „Олд Трафорд“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити останува во пол позиција во трката за титулата во Премиер лигата откако со 2:0 победи на „Олд Трафорд“.

Избраниците на Гвардиола не можеа да го поминат бедемот на Манчестер Јунајтед во првиот дел, но затоа во второто полувреме успеаја на два пати да го најдат патот до мрежата на Де Геа.

Најпрво Бернардо Силва постигна убав погодок за 1:0, а на 2:0 зголеми Лерој Сане кој со одмерен удар го совлада Де Геа.

По крајот на натпреварот од трибините се слушаа навивачки песни посветени на шампионите кои јасно алудираа на тоа кој е прв фаворит за титулата во Премиер лигата.