И младата ѕвезда на Борусија е мета на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадридски Реал се спрема за потполно нов состав на тимот.

Тренерот Зинедин Зидан доби 500 милиони евра за засилување на тимот, а на листата на потенцијални засилувања се наоѓаат неколку големи имиња.

Еден Азар сигурно ќе биде нов член на Реал, се спомнува можноста за доведување на Погба и Миралем Пјаниќ, а според тврдењето на германскиот Билд, Зидан со задоволство би го довел Џејдон Санчо.

Зидан е воодушевен од младиот англиски фудбалер и она што тој може да го направи за само 19 година. Спремен е да го доведе во својот тим, но цифрата е огромна.
Борусија за услугите на овој сјаен фудбалер бара дури 80 милиони евра, а спортскиот директор од тимот на Дортмунд Мајкл Зорк изјави:

„Неговото превземање од клубот ќе биде многу тешко и за другите големи клубови. Не сакам да ја спуштам цената на Џејдон. Тој ќе игра за Борусија и во наредната сезона, но нема да остане засекогаш во клубот. Тоа е повќе од јасно“, изјави Зорк.