Гвардиола во сензационален трансфер во најава: Каталонецот ќе го наследи Алегри на клупата на Јувентус…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Торински Јувентус осма година во низа е шампион во Италија, но повторно изостана трофејот во Лигата на шампионите.

Тренерот Масимилијано Алегри ја одведе „Старата дама“ до нов трофеј, но како што стојат работите тој само уште една сезона ќе мине на клупата на „Бјанконерите“.

Со договор овој 51-годишен стратег со Јувентус е врзан до летото 2020. година. Раководството на торинскиот великан ќе го испочитува тој договор, но продолжување на соработката ќе нема.

Наместо него на клупата на Јувентус би можел да дојде шпанскиот стратег Пеп Гвардиола. Како што се наведува, раководството на италијанскиот шампион го гледа Гвардиола како идеален човек за проектот кој создава и дека тој може да го преземе водењето на клубот од 2020. година.

Засега Пеп е под договор со Манчестер Сити, а тој важи до 2021. година. Сепак, подготвен е Каталонецот за промени и лесно би можело да се случи да го видиме на клупата на Јувентус.