Тотален хаос во Париз: Играчите со сите сили сакаат да му „ја удрат метлата“ на Тухел…?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По поразот во Купот на Франција, нов проблем се појави за ПСЖ.

Елиминацијата во Лигата на шампионите не им падна лесно на Парижаните, беа поразени од Манчестер Јунајтед кој не е ниту оваа сезона на високо ниво.

За да биде работата уште полоша, следеше серијата многу лоши порази во лигата кога првенството веќе беше освоено, имаше порази кои беа тешки, а кога Рен славеше во финалето од Купот на Франција иако губеше со 2:0, дојде до кулминација во Париз.

На удар – тренерот. Сепак, не од страна на управата која има доверба во него, туку од страна на играчите кои не се задоволни со неговиот однос.

Почна кога го остави Мбапе на ладење, а добро е познато дека младиот Французин ужива популарност и меѓу фудбалерите на ПСЖ и дека не му беше тешко да ги насочи против него.

Л’Екип пренесува дека би можело да дојде до заминување на Тухел доколку страстите не се смират до крајот на оваа сезона…