Томас Тухел се огласи откако Нејмар удари навивач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар и понатаму е главна тема во Франција откако после финалето во Купот на Франција удри еден навивач.

ПСЖ беше поразен во финалниот натпревар после пенали иако имаа предност од 2-0 веќе на самото отварање на натпреварот. Сепак, Рен дојде до израмнување, па на пенали го совлада ПСЖ и освои трофеј.

Но, вистинска драма се одвиваше кога ги врачуваа медалите на играчите на ПСЖ. Еден од навивачите почна да му дофрлува нешто на Нејмар, а Бразилецот потполно ги изгуби нервите и го удри навивачот.

Француската јавност останаво шок поради овој потег на најскапиот играч во светот и жестоко го осудија неговиот потег.

После оваа ситуација се огласи и тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

„Не е лесно да се оди по скалите после пораз во финален натпревар. Тоа за мене беше многу тешко, а верувам дека и за целиот тим, но тоа едноставно морате да го прифатите. Ако изгубите морате да покажете почитување. Не смеете да влезете расправии со навивачите, тоа е надвор од секаков разум“, рече Тухел.

Бразилецот се извини после натпреварот на Инстаграм, тврдејќи дека му е жал поради тоа што го направи, но јасно е дека го очекува казна поради овој срамен потег.

„Дали ми е жал? Да, но и јас сум само човек“, напиша Нејмар.