Пред 25 години цел свет плачеше по еден човек – Ајртон Сена! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешен ден пред точно 25 години светот го шокираше веста за смртта на возачот во Формула 1, Ајртон Сена.

Легендарниот возач го загуби животот на Големата награда на Сан Марино во Имола, кога во седмиот круг удри во заштитниот ѕид со брзина од 310 км/ч.

Ден пред да почине Сена, на истата патека во квалификациите животот го загуби Роланд Раценбергер, а на Ајртон во ракавот му беше најдено австриско знаме со кое сакаше да му ја посвети победата на трагично настраданиот возач.

Сепак, судбината сакаш и легендарнот Сена да го загуби животот на таа патека, а иако стигна до болницата во Болоња, сепак му немаше спас.

Сена освои три шампионски титули (1988, 1990 и 1991). Во кариерата имаше 40 гранд-при победи, а уште 39 пати се качи на победничкиот подиум.