Кардиолог има лоши вести: Дали ова ќе биде кошмарен крај за Касилјас!? (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цела фудбалска јавност вчера се потресе по информацијата дека легендарниот голман Икер Касилјас доживеал срцев удар на утринскиот тренинг на Порто.

Искусниот голман бил итно пренесен во болница, кадешто била извршена интервенција на докторите и сега успешно се рехабилитира, па порача дека сè е во ред.

Еден од најомилените фудбалери во историјата на многу фудбалски љубители е токму легендарниот Касилјас. Пораки за поддршка пристигнуваат од цел свет, но сега стигнаа и лоши вести за Шпанецот.

Познат шпански кардиолог, Хуан Антонио Корбалан објасни дека нема шанси повеќе Касилјас да се врати на фудбалскиот терен.

„Икер нема да може да се занимава со професионален спорт, откако доживеа инфаркт. Не може да игра фудбал со стент, кој му е вграден. Ќе може да живее нормален живот, но за него кариерата е завршена“, вели Корбалан.