Нејмар во 2020 година ќе може да си замине по значително помала цена

Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пренесува дека Нејмар во договорот има откупна клаузула според која во 2020 година ќе може да го напушти ПСЖ за „само“ 145 милиони фунти.

Кога пристигна од редовите на Барселона во ПСЖ, францускиот клуб плати сума од 198 милиони фунти, а истата за само три години може да се намали за цели 50 милиони фунти.

Долго време се шпекулира дека за Нејмар постои сериозен интерес од Реал Мадрид, па по најновите пишувања на „Мундо Депортиво“ реален е неговиот трансфер во „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок во 2020 година.

Advertisements