Тренерот на Порто откри како изгледал инфарктот на Касилјас (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската јавност беше потресена поради случувањата од пред неколку дена, кога легендарниот шпански голман, Икер Касилјас доживеа срцев удар на тренингот на Порто.

Во петок пред новинарите излезе тренерот на Порто, Серхио Консеисао, кој присуствувал на немилиот настан.

„На тренингот забележав дека Икер има одредени проблеми и нашиот физиотерапевт веднаш го повика докторот за да дознаеме за што станува збор. Морам да признаам дека мислевме дека не е ништо сериозно“, вели Консеисао.

Тоа што е најважено е дека Касилјас се чувствува добро и неговата рехабилитација тече според планот.

„Секој ден разговараме на телефон. Во моментов, советот на докторот е Икер да мирува. Не смее да доаѓа во ситуација, која би му ја забрзала работата на срцето“, вели тренерот на Порто.