„Л’Екип“: Мурињо и Конте се враќаат во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Подготовките за новата сезона летово би можеле да бидат поинтересни од било кога, зашто беа најавени неколку спектакуларни трансфери, но би можеле да видиме и неколку тренерски промени.

Посебно во центар на внимание се тренерите кои немаат ангажман, а тоа се Жозе Мурињо и Антонио Конте.

„Л’Екип“ пишува дека Мурињо наредната сезона ќе ја предводи Рома, доколку тие изборат пласман во Лигата на шампиони, додека Конте ќе седне на клупата на Интер.

Мурињо има и опција да го преземе ПСЖ, доколку Томас Тухел добие отказ, но Португалецот призна дека има желба да се врати во Италија.

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, наводно веќе постигнал договор со Конте, иако Мурињо чекаше негов повик.