Тричковски се повреди – нема да игра против Полска и Австрија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската репрезентација ќе биде ослабена во натпреварите со Полска и Австрија во квалификациите за Евро 2020, зашто Иван Тричковски се повреди и нема да настапи до крајот на сезоната.

Тричковски игра одлично сезонава, па урна неколку рекорди во Кипар, но сепак во најлош можен период за Македонија, тој се повреди.

Кипарската екипа соопшти дека Тричковски се повредил на тренинг и поради тоа ќе мора да паузира во наредните пет-шест недели, што значи дека сигурно нема да настапи против Полска и Австрија.

Да потсетиме, Македонија одлично ги почна квалификациите за Евро 2020, откако славеше на домашен терен против Летонија со 3-1, а потоа одигра 1-1 против Словенија на гости.