Како изгледаше ПСЖ пред десет години? Ситуацијата е драстично променета!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Матеја Кежман тогаш беше еден од најскапите играчи.

Кога Катар Спорт Инвестментс во 2011 година ги купи 70% од акциите на ПСЖ, овој клуб беше просечен во француското првенство.

Пред осум години, кога богатите Арапи го купија клубот, најпознатите играчи на тимот беа Лудвил Гили, кој е при крај на кариерата, Клод Макелеле кој тогаш во Париз ја одигра последната сезона и ја заврши својата кариера. Но за остатокот од тимот во 2011 година веројатно не сте слушнале…

Три години порано, најскапиот играч на ПСЖ беше Ротен кој вредеше 8 милиони евра а после него следи Гили кој вреди 7 милиони евра, а зад него се Макелеле и Матеја Кежман кои вредеа 6 милиони.

За време на таа сезона ПСЖ заврши на 6 место, а десет години подоцна работите драстично се променети.

Најскапиот играч на Парижаните денеска е Килијан Мбапе кој вреди 200 милиони евра, а веднаш после него е Нејмар кој вреди 180 милиони евра.

ПСЖ за време на сезоната во 2018/2019 освои 85 бодови и ја осиура титулата, да напоменеме дека Маркинос кој вреди 60 милиони евра е поскап отколку десет „најскапи“ играчи на ПСЖ во сезоната 2008/2009.