Икер Касилијас ја напушти болницата и даде коментар за својата иднина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот голман Икер Касилијас денес ја напушти Болницата по позитивните испитувања кои покажаа дека ќе се опорави од срцевиот удар.

37 годишниот фудбалер пред неколку денови преживеа срцев удар на тренингот на својот Порто, и многумина уште тогаш се запрашаа дали тој ќе може да ја продолжи кариерата.

Многу кардиолози пренесоа дека Икер сепак нема да може да ја продолжи кариерата,а  голманот по напуштањето на болницата даде одговор и на ова прашање.

„Не знам што носи иднината, но најважно е што сум со вас денес. Се чувствувам многу подобро и ќе одмарам неколку недели или можеби неколку месеци. Тоа е нешто што може да се случи во животот во секој момент на секоја личност, а сега ми се случи мене. Тешко е да се зборува во моментов, но благодарен сум затоа што имав голема среќа“ –истакна Касилијас.