Марко Асенсио се сели во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Јирген Кло ќе запне за да го донесе фудбалерот кој веројатно нема да добива многу прилика од Зинедин Зидан следната сезона доколку остане на „Бернабеу“.

23 годишниот Асенсио игра променлива сезона и токму затоа многу поверојатно е да си замине од клубот отколку да остане во редовите на Реал Мадрид.