Додека сите славеа во соблекувалната, Милнер на Салах му упати урнебесно прашање (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вчера во драматичен натпревар ја совлада Барселона со 4-0 и ќе игра во финалето од Лигата на Шампионите.

Црвените играа без двајца клучни играчи, Фирмино и Салах и сите мислеа дека е невозможна мисија за екипата на Јирген Клоп, но на крајот тимот од Енфилд направи чудо и заслужено замина во финалето.

По завршувањето на натпреварот, имаше голема забава во соблекувалната на Ливерпул, а Мохамед Салах имаше едно доста интересно и неочекувано прашање за Милнер :

„ Дали веќе резервираше за да одиш на одмор?“

Изгледа Салах и Милнер ќе мора да имаат пократок одмор затоа што ги чека финале на 1 јуни во Мадрид.