Покетино на пресот беше расположен, но по само едно прашање стана и си замина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино се појави синоќа на историска прес конференција.

Неговиот тим првпат во историјата се избори за големо финале во Лигата на шампионите, а на менаџерот на Тотенхем секако му беа поставени многу прашања после мечот.

Сепак, после едно само стана и си замина.

„Дали Хари Кејн ќе биде спремен за финалето?“, го праша еден од новинарите, а Покетино само рече чао и си замина од просторијата.

Да потсетиме, Кејн се повреди во првиот меч од четвртфиналето против Манчестер Сити и го пропушти реванш натпреварот против Сити и двата натпревари во полуфиналето.

За сега не е познато дали ќе биде спремен за финалето кое е на распоредот на 1. јуни, но Покетино неодамна изјави дека тоа е можно.