Моура погледна снимка по пласманот во финале на ЛШ и се расплака како мало дете (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лукас Моура со хет-трик го „нокаутираше“  Ајакс (3-2) на „Јохан Кројф“ и така го испрати Тотенхем во финале на Лигата на шампиони.

Ајакс имаше водство од 2-0 на полувреме против лондонскиот тим, кој многумина го отпишаа, но тогаш на сцена стапи Моура, кој го одиграа најдобриот меч во свеојата кариера.

Бразилскиот крилен напаѓач за само четири минути успеа да израмни на 2-2, а потоа во последните секунди од мечот погоди и за 3-2.

По мечот новинарите ги интересираше неговото мислење и му пуштија снимка од неговата татковина, за да види како коментаторите го искоментираа неговиот погодок во финишот, а тоа го расплака Моура од среќа.

Да потсетиме, на први јуни во Мадрид се игра финалето во елитното натпреварување меѓу Ливерпул и Тотенхем.