Навивачите на Ајакс во локал одбројуваа 10,9,8… А потоа Моура им ја урна надежта! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ајакс синоќа беше на праг до пласман во финале од Лигата на шампиони, откако на полувреме имаа предност од 2-0, но во второто полувреме стапи на сцена Лукас Моура, кој постигна хет-трик и му донесе победа на Тотенхем.

Навивачите на Ајакс беа подготвени за прослава на пласманот во финале и го чекаа последниот судиски свиреж, но потоа следуваше шок во последни секунди.

Интересно видео се појави од еден локал во Амстердам, кадешто навививачите ги одбројуваа последните десет секунди од мечот, но Моура им ја расипа прославата.

Напаѓачот на Тотенхем постигна гол во последни моменти од средбата и го однесе тимот во финале, а во локалот сите замолче во шок и неверување.