По дебаклот на „Енфилд“ уште ова им требаше на Каталонците: Ливерпул доби пари на сметка од елиминираниот ривал…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова само фудбалот може да го режира, имено, Ливерпул прво ја елиминираше Барселона во Лигата на шампионите, а потоа Каталонеците мораа да им платат на „Црвените“.

За што се работи?

Имено, со пласман во четвртфиналето, Барселона ја активираше клаузулата од договорот на Кутињо, па мораше на ривалот кој ги елиминираше во полуфиналето да му платат повеќе од 5 милиони евра.

Трансферот на Кутињо имаше многу клаузули, некои нема да се исполнат, па на крајот и нема да бидат 160 милиони евра, но сеедно, ако се погледне времето кое е минато во Барселона, јасно е кој помина подобро во целата ситуација.

Бразилецот е еден од играчите кои е на продажба, Јунајтед е заинтересиран, но нема да плати 100 милиони колку што бараат Каталонците.