Најлудиот кош сезонава во НБА-лигата предизвика хаос на улиците во Торонто (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Торонто Репторс синоќа во седмиот меч од полуфиналето во Источната конференција ја совладаа Филаделфија со 92-90.

Јунак на мечот беше Кави Ленар, кој во последната секунда од мечот постигна решавачки кош и го однесе својот тим во финалето на Истокот.

Во салата следуваше голема прослава, а на улиците на Торонто се создаде вистински хаос, откако фановите почнаа да слават.

На преполниот плоштад сите во тишина ги следеа последните моменти од мечот, а по постигнатиот кош почна големата прослава.

Вреди да се спомене дека Торонто во финалето на Источната конференција ќе игра против Милвоки Бакс, кои со 4-1 го исфрлија Бостон Селтикс.