Најтиражниот германски весник „Билд“ пренесува: Иднината на Ковач неизвесна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Баерн Минхен, Нико Ковач се наоѓа на тенок лед и би можел да ја изгуби работата дури и да ја донесе титулата во германскиот шампионат.

Тимот предводен од Хрватот игра доста променливо оваа сезона, а хиерархијата на Баерн Минхен се сомнева дека клубот ќе стори нешто во Лигата на шампионите под водство на Ковач.

Најгласен за смена на Ковач бил Ули Хенес кој не бил убеден дека хрватскиот стратег е решение за иднината на клубот.

Во јавноста се повеќе се споменува името на Жозе Мурињо како опција за Баерн Минхен во следниот период.