Се подготвува вистинска чистка во ПСЖ: Шеиците бркаат половина тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ оваа сезона стигна до титулата во Франција, но уште еднаш разочара со настапот во Лигата на шампионите каде беше запрен од тимот на Манчестер Јунајтед кој помина низ една од најтешките сезони во поновата историја.

Француските медиуми пишуваат дека газдата на клубот побарал значителни промени во играчкиот кадар и наводно настојувал од клубот да си заминат повеќе од половина играчи.

Томас Тухел ќе добие уште една шанса за докажување, но таква шанса нема да добијат Кавани, Дракслер, Муние, Нкунку, Чупо Мотинг, Курзава, Кимпембе, Даиби, Нсоки кои ќе си заминат ова лето. Од клубот сигурно заминува Рабио на кого му истече договорот, а веќе е познато дека Андер Ерера ќе биде меѓу првите засилувања за ПСЖ во летниот преоден рок.