За првпат по несреќата влегоа камерите во семејната вила на Шумахер (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, по првпат по несреќата, која се случи во 2013 година, дозволи да влезат камерите во нивната куќа во која се лечи возачот.

Германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, со полна поддршка од семејството на Германецот го снимаа документарниот филм за „Шумахер“.

Во документарецот „Шумахер“ се наоѓаат и необјавени архивски снимки од животот на прославениот спортис, како и сведочења на најблиските членови на неговото семејство – сопругата Корина и неговиот татко Ролф Шумахер.

Премиерата на филмот е закажана за петти декември, а во него се опфатени сите аспекти на животот на славниот возач, а приказната ја раскажува неговото семејство.