И Хаким Зијеш си заминува од Ајакс, падна договор со европски великан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германските медиуми пишуваат дека играчот од офанзивата на Ајакс, Хаким Зијеш е еден од фудбалерите кои ќе си заминат од Амстердам по крајот на сезоната.

По одличната сезона која ја имаа зад себе, фудбалерите на Ајакс со право го свртеа вниманието на бројните европски клубови.

За Хаким Зијеш постои сериозен интерес од Тотенхем и Манчестер Сити, но се чини дека најбрз и најконкретен беше Баерн Минхен кој стигнал до потписот на овој фудбалер.

Медиумите во Германија не ја објавија цената, но пренесоа дека трансферот е многу блиску до реализација и дека Зијеш следната сезона ќе игра во Баварија.