Не се воздржа ниту Рибери: Солзи и емоции на простувањето на Рафиња… (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Низа фудбалери на крајот на сезоната ќе го напуштат Баерн што е показател за крајот на еден циклус на „Алијанц Арена“.

На Арјен Робен и Франк Рибери им се придружи Рафиња кој редовите на Баварците ги засили во 2011. година кога пристигна од Џенова.

„Секој ден сме заедно и се познаваме добро, вистинско семејство сме. Пријателството кое го создадовме е најголема светост. Минав осум прекрасни години во овој клуб и носам убави спомени. Трикратната круна од 2013. година е нешто посебно, но на се му доаѓа крајот“, истакна Рафиња во емотивното обраќање.

На простувањето присутвуваа и останатире играчи на Баерн, а во текот на неговото обраќање Рибери не можеше да ги задржи солзите.

Според неофицијални информации искусниот дефанзивец кариерата ќе ја продолжи во родниотр Бразил, преговорите ги води со Фламенго.

Доколку трансферот се реализира,к за Рафиња тоа би значело воедно и враќање на бразилкиот фудбалер кадешто последен пат играше во 2005. година.