Се е готово: Наумовски заминува во историјата, Перо Антиќ е новиот предводник на кошаркарската федерација (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската кошарка доби нов предводник.

Перо Антиќ како единствен кандидат, застана на чело на македонската кошаркарска федерација, и го наследи Пеце Наумовски.

На денешното Собрание беше изгласан, а беше предложен од 15 членки, и поддржан речиси од сите.

Во комбинација за негови соработници се споменуваатТодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…

Во продолжение проследете ја и првата изјава по изборот на Перо Антиќ дадена за присутните медиуми.