Роналдо од управата на Јуве побарал тројца фудбалери на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во моментов бара засилувања за новата сезона, кои ќе треба да им помогнат во намерата да се освои трофејот во Лигата на шампиони. Сезонава беа запрени во четвртфинале од Ајакс, а Кристијано Роналдо беше недоволен за прво славје по 1996 година.

„Фокс Спортс“ пишува дека Португалецот ја советувал управата да го донесе Иван Ракитиќ од Барселона, но и стоперот Самуел Умтити, како и голманот Каспер Силесен.

Одбраната на „Старата дама“ бара нови свежи лица, па Французинот би бил идеален, зашто Барселона планира да го ангажира Матијас де Лихт, а Ракитиќ ќе биде продаден за да се соберат пари за Антоан Гризман.

На голманската позиција ќе стигне Силесен, кој би требало да му биде моќна конкуренција на Шчесни, а се споменува дека сите три фудбалери би ја чинеле управата меѓу 100 и 120 милиони евра.