Познат шпански новинар тврди: Хамес Родригез има нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез нема да остане во Баерн Минхен, но се чини дека нема да остане ни во Реал Мадрид.

Според тврдењата на шпанскиот новинар, Едуардо Инде, Хамес Родригез ќе се врати во Мадрид, но нема да го облече дресот на Реал, туку на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ ќе останат без Антоан Гризман кој ќе се пресели во Барселона за сума од 120 милиони евра, а дел од парите добиени од него ќе ги инвестираат во Хамес за кого ќе треба да платат 60 милиони евра.