Проблеми во Минхен: Запреа преговорите меѓу Левандовски и Баерн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роберт Левандовски и управата на Баерн Минхен не можат да се договорат за нова соработка. Полскиот напаѓач има договор до 2021 година, но клубот му понуди соработка на уште една година плус.

Меѓутоа, 30-годишниот напаѓач сака подолг договор со Баварците, па нема намера да ја продолжии соработката за само една сезона.

„Кикер“ пишува дека таквата позиција се обидуваат да ја искористат двата тима. Тоа се ПСЖ и Манчестер јунајтед, кои се подготвени да ги исполнат сите желби на искусниот напаѓач и да го донесат во нивни редови.

Останува да видиме што ќе се случи на крајот, но Баерн сигурно нема лесно да се откаже од услугите на искусниот напаѓач.