Неверојатно скап: Еве колку чинат новите дресови на „Црвените ѓаволи“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денес го објави изгледот на дресовите за следната сезона.

Адидас подготви посебен дизајн во во кој ќе се потсети на тројната круна која ја освоија пред 20 години, а изгледот поприлично е поинаков во однос на овосезонскиот.

Цената на овој дрес е поприлично висока. За него ќе мора да издвоите 99.5 фунти, а дополнителни 10 фунти ќе мора да издвоите ако сакате да направите натпис на него.

Оваа верзија на дресот е многу посакапа. Поефтина варијанта можете да добиете за 64.95 покрај повторни трошоци за евентуални додавања на број и име.

Адидас се потруди дресот да добие поинаков изглед во однос на изминатата година. Знакот на клубот е јасно истакнат во црно-златна варијанта, а на дресот и натаму е знакот на Шевролет.

Исто така, заменети се црните линии на Адидас на рамената, токму како и долниот дел на дресот кој во минатото беше во водорамни црно-црвени бои.

Значително е променет и изгледот на голманската гарнитура која сега е во интересни бои во однос на минатогодишната зелена варијанта.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед брзо ќе заиграат во новите дресови, бидејќи „Црвените ѓаволи“ на теренот ќе бидат веќе за 10 дена.

Со мечот против Баерн ќе биде одбележан величенствениот меч на овие екипи од финалето во Лигата на шампионите во 1999. година во кој Јунајтед во продолжението ги совлада Баварците со 2:1.