Туxел се жалеше поради Буфон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на ПСЖ не сака да се откаже од Буфон и покрај тоа што неговото присутство дополнително го поткрева угледот на тимот, но Џиџи и покрај се, останува непосакуван од страна на тренерот Томас Тухел.

На Германецот му смета тоа што управата го наметнува својот избор за голман, бидејќи во текот на сезоната тој ќе мора да го користи Буфон исто колку што ќе го користи и многу помладиот Ареола што не е така едноставно за него.

„Нам ни е потребна „единица“ за наредната сезона бидејќи ова е неодржливо, вака повеќе не можеме. Ние најверојатно сме единствениот клуб на светот кој толку често ги ротира голманите“, се пожали тренерот на ПСЖ.

Очигледно е дека во целата приказна која ја потенцираа медиумите во Фрација, на крај ќе дојде до голем пресврт…