Пеп Гвардиола одговори дали ќе го преземе Јувентус по заминувањето на Алегри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус денес официјално објавија дека Масимилијано Алегри нема да биде нивен тренер следната сезона.

Веќе подолг период се споменува името на Пеп Гвардиола како можен наследник на Алегри на клупата на Јувентус, а сега откако италијанскиот стратег си замина во јавноста се огласи и самиот Гвардиола.

„Нема да одам во Јувентус или Италија. Имам уште две години од договорот со Манчестер Сити. Нема да си заминам затоа што сум задоволен. Следната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити“ –истакна Гвардиола.