Гвардиола сигурно нема да биде новиот тренер на Јувентус

Шпанецот прозборе за можниот ангажман во Торино.

Она за кое многу време се шпекулираше денеска е потврдено и тоа директно од Јувентус. Масимилиjано Алегри по завршувањето на сезоната ќе го напушти кормилото на Старата дама.

Одлучија дека во Јувентус е време да се стави крај со 51 годишниот стручњак кој е на позиција тренер од летото во 2014 година.

Утре во просториите на Алианц стадионот ќе биде одржана и официјална прес-конференција на која медиумите ќе му се обрати претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и самиот Масимилијано Алегри.

Веднаш после веста дека Алегри нема да го води тимот на Јуве во наредната сезона, шпекулациите за неговиот можен наследник се се поинтензивни.

Едно од имињата кои се поврзуваа со таа позиција во контекс на нов тренер на Јувентус, се наоѓа и името на Пеп Гардиола, тренерот на Манчестер Сити.

Поедини медиуми во изминатиот период тврдеа дека Пеп веќе се договорил за соработка со Јувентус и дека се чека крај на сезоната за истата да биде реализирана.
Сепак, тоа нема да се случи, а во тоа не увери и самиот Пеп.

Гвардиола разговараше со медиумите на прес-конференцијата која се одржа по повод на финалето во ФА Купот против Ватфорд, а на прашањето за можниот ангажман во Јувентус го одговори следново:

„Колку пати мора да го кажам тоа. Не одам во Јувентус и нема да се селам во Италија.. Задоволен сум овде и нема да одам никаде. Наредната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити, го кажав тоа многу пати“.

Исто така, Манчестер Сити за трофејот на ФА Купот ќе се бори против Ватфорд во финалето на Вембли кое ќе се одигра утре во 18:00.

Advertisements