Касилјас демантираше дека се пензионира: Не, не одам во пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Икер Касилјас ги демантираше шпекулациите на португалски „О’Жого“, кој денеска објави дека легендарниот чувар на мрежата ќе замине во пензија.

Касилјас неодамна доживеа срцев удар на тренингот на Порто, по што му беше направена медицинска интервенција, а докторите го советуваа да престане со професионалната кариера.

Португалците пишуваа дека по пензијата Касилјас ќе стане амбасадор на Порто, но 37-годишниот Шпанец уште нема намера да се повлече.

„Добро утро на сите. Не, не одам во пензија. Ќе дознаете кога ќе дојде тој ден, но уште не е стигнат. До тогаш, само полека. Вчера имав преглед кај доктор Фелипе Македа и тој кажа дека резултатите се добри. Тоа се одлични вести и сакав да ги споделам со вас“, напиша Касилјас.