Од Ајакс потврдија дека уште една ѕвезда ќе си замине од клубот, големите екипи на готовс

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс потврди дека Хаким Зијеш ќе си замине од клубот ова лето, само не се знае во кој тим.

Мароканецот одигра одлична сезона, како и целиот тим на Ајакс, па токму затоа е посакувана мета на неколку големи гиганти.

26 годишниот фудбалер постигна 21 погодок и запиша 24 асистенции во тимот на Ерик тен Хаг кој ги освои срцата на сите неутрални фанови на фудбалот.

За Зијеш постои сериозен интерес од Баерн Минехн, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Advertisements