Од УЕФА нема бегање: Барселона си доби казна!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона сезонава доживеа нов дебакл во Лигата на шампиони, откако беа елиминирани во полуфиналето од Ливерпул.

Каталонците играа одлично во групната фаза, но повторно разочараа кога беше најмалку потребно, откако при резултат 3-0 од првиот меч во полуфиналето, тие загубија со 0-4 на „Енфилд“ во реваншот.

Сепак, во центар на внимание е мечот меѓу Тотенхем и Барселона на „Камп Ноу“, кој го разгледуваше Дисциплинската комисија на УЕФА, па по неколку месеци реши да ги казни Каталонците.

Барселона помина лесно, па доби парична казна од 20.000 евра, а исто така работниците од обезбедувањето, кои учествувале во тепачката мора да бидат суспендирани на подолг период.