Надал го реши Ѓоковиќ и го освои трофејот во Рим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал го освои трофејот на АТП-турнирот во Рим, откако во финалето славеше против Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови, односно 6-0, 4-6, 6-1.

Првиот тенисер во светот тргна многу лошо во мечот и му дозволи на Надал веднаш да направи брејк. Меѓутоа, Шпанецот тука не запре, па му одзема уште два сервиса на Србинот и го доби првиот сет со 6-0.

Во вториот сет се водеше поголема борба и двајцата тенисери делуваа сигурни на свој сервис. Ѓоковиќ при резултат 4-3 успеа да направи брејк, па стигна до 6-4 во вториот сет.

Сепак, во третиот сет Србинот беше изморен од претходните два тешки меча, па Надал успеа да го освои трофејот на Мастерсот во Рим.