Надал го совлада Ѓоковиќ и испиша исторја во меѓусебните дуели! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ загуби од Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Рим со 1-2 во сетови, а Шпанецот може да се пофали со тоа што се запиша во историјата.

Ова беше нивни 54. меѓусебен дуел и првпат некој од тенисерите освои сет без загубен гем, поточно тоа му успеа на Надал во првиот сет, кој го доби со 6-0.

Ѓоковиќ претходно во кариерата двапати загуби сет без освоен гем на земјен терен и тие два меча ги доби, но денеска не му успеа истото.

Вкупно, на сите подлоги Ѓоковиќ дури девет пати губеше сетови без добиен гем, од кои пет меча ги доби на крајот.