Навас на колена се прости од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ја заврши најлошата сезона во последните 20 години со пораз од Бетис од 0-2 на „Сантијаго Бернабеу“, а на крајот на мечот се прости Кејлор Навас со публиката.

Искусниот голман се надеваше на победа, односно среќна разделба, но тоа не се случи. И покрај тоа Навас по последниот судиски свиреж се спушти на колена и се збогуваше со навивачите.

Костариканецот бранеше за Реал на 162 натпревари, а имаше свои успеси и падови, а сега реши да направи нов чекор во кариерата.

„Време е за нов почеток“, кажа 32-годишниот голман на прес-конференцијата по мечот.

Навас стигна како замена за Икер Касилјас, но на крајот падна во втор план, откако пристигна Тибо Куртоа.