Успешен настап на такевондистите од Охрид на турнирот во Љубљана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таеквон-до клубот ”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , викендов на 19 .05 2019 учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа турнир “17 Љубљана Опен” , во Словенија кој е традиционално еден од најсилните турнири во регионов  за пролетната натпреварувачка сезона. На истиот  учество зедоа 24 клубови од 9 земји и тоа, Словенија, Хрватска, БиХ,Македонија,Словачка ,Србија, Австрија,Италија и Чешка.

Македонскиот претставник на овај натпревар учествуваше со шест натпреварувачи  кои се натпреваруваа во две дисциплини форми (тул) и борби(спаринг) , при што освоија седум медали, од кои два златни, еден сребрен и четири бронзени.

Освојувачи на медали се:

Стефан Каланоски

1 место –злато борби јуниори 16-17 год -63 кг.

1 место –злато форми јуниори  син појас

Давид Велковски

2 место –сребро борби јуниори 16-17 год -69 кг.

Хриситјан Митрески

3 место –бронза борби јуниори 16-17 год +75 кг.

Марио Кртески

3 место –бронза борби кадети 12-13 год -50 кг.

Елена Јанеска

3 место –бронза борби кадетки 12-13 год +55 кг.

3 место –бронза форми кадетки зелен појас

„Најдобар наш поединец на овај турнир беше Стефан Каланоски, додека Божидар Димитриевиќ не успеа да дојде до медал , но ова беше само како добро загревање за главниот турнир за оваа пролетна сезона        “ГРАН ПРИ ЗВОРНИК 2019”  кој ќе се одржи наредниот викенд на 25.05 2019  во БиХ, каде ќе учествуваме со повеќе натпреварувачи “-истакна предводникот на клубот, Марјанчо Лазаревски.