Несторовски прави (не)очекуван трансфер: Напаѓачот се сели во соседството!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црвена Звезда го освои трофејот во српското првенство, па тргна по нови засилувања, а токму едно од нив може да биде македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој во моментов настапува за Палермо.

Палермо се соочува со големи проблеми сезонава, откако заврши на позиција која им обезбеди плејоф за пласман во Серија А, но со одлука на Фудбалскиот сојуз на Италија тие беа исфрлени во Серија Ц.

Во Палермо очигледно летово ќе следува ремонт, односно многу фудбалери ќе заминат, а еден од нив очигледно ќе биде и Несторовски, за кого се заинтересиран многу екипи, но постои шанса да се пресели во Србија, поточно во тимот на Ц. Звезда.

Несторовски сезонава одигра 28 натпревари за Палермо и постигна 15 голови и пет асистенции.