Податок кој ќе ги разочара „кралевите“: Зидан е полош од својот претходник во Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид сака да ја заборави очајната сезона. Тие имаа турбулентна сезона, па сменија дури три тренери. Хулен Лопетеги беше најпрво заменет од Сантијаго Солари, а потоа на негово место стигна Зинедин Зидан.

Очигледно враќањето на Французинот не беше ништо посебно, доколку се погледне статистиката во последните натпревари.

Кога ќе се погледне просекот на освоени бодови во досегашната сезона, Зидан е на бројката од 1,54 бода по натпревар, додека Солари има 2,17.

Сличен просек како Зидан има и Лопетеги (1,4 бодови), па низ ваква слика не може да се признае дека управата на Реал погоди со враќање на Зидан.

Сепак, рано е да се каже такво нешто, зашто на лето следува голема реконструкција на екипата, па Французинот ќе добие тим по свој вкус.