Реал Мадрид повторно во акција по Мбапе: Французинот е подготвен за „поголема улога“!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе со неговата најнова изјава ги активираше шпекулациите дека ќе замине од клубот.

Мбапе во неделата беше прогласен за фудбалер на годината и најдобар млад фудбалер во ЛИга 1, по што порача дека е подготвен за поголема „улога“.

„Имаше причина за тага сезонава, но тоа беше дел од фудбалот. Успеавме да го освоиме барем трофејот во домашното првенство. Важна ми е наградата, зашто поминав многу работи досега. Чувствувам дека треба да добијам поголема одговорност во ПСЖ или на некое друго место“, кажа Мбапе.

Мбапе во ПСЖ стигна во 2017 година од Монако, а во последно време постојано се шпекулираше за негов трансфер во Реал Мадрид, кој повторно ќе се обиде да го добие неговиот потпис.