По изјавата на Мбапе стигна и официјално соопштение на ПСЖ

Шпекулациите дека Килијан Мбапе би можел да се пресели во Реал Мадрид не престануваат, а истите се зголемија по изјавата на младиот фудбалер дека сака поголема одговорност во ПСЖ или во некој друг голем клуб.

Токму поради ваквата изјава од таборот на францускиот шампион беа приморани а излезат со соопштение со кое негираат секаква продажба на младиот фудбалер.

Во соопштението меѓу другото се кажува дека заедничката историја на ПСЖ и Килијан Мбапе ќе продолжи и следната сезона.

Advertisements