Еузебио Ди Франческо си најде нов клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Рома, Еузебио Ди Франческо си пронајде клуб и од следната сезона ќе работи во шпанската Ла Лига.

Ди Франческо повторно ќе соработува со Мончи, но овој пат двајцата ќе работат во тимот на Севилја.

Севилја во моментов ја предводи Жоакин Капарос кој во клубот дојде како привремено решение по заминувањето на Пабло Мачин.

Според медиумите во Шпанија, Ди Франческо се договорил на двегодишна соработка со клубот од Андалузија.