Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Формула 1, Ники Лауда почина во 70та година од својот живот, после неколку месеци борба со болеста.

Австриецот го освои Ф1 првенството во 1975 и 1977 година како возач на Ферари и во 1984 година додека возеше болид на МекЛарен.

Тој се здоби со изгореници опасни по живот во 1976 година за време на трката за Големата Награда на Германија, но тој само после 6 месеци повторно седна позади воланот.

Лауда имаше две трансплантации на бубрег, во 1997 година и во 2005 година кога донори му беа брат му Флориан и сопругата Бриџит.

На почетокот на оваа година тој заврши во болница во Виена неколку месеци по трансплантацијата на белите дробови. Тогаш од одморот во Шпанија е префрлен во Австрија.

Лауда, кој доби нови бели дробови минатата година беше неформален директор на Мерцедес, тимот кој веќе со години доминира во „најбрзиот караван на светот“.

Легендарниот австриски возач можеби е најпознат по ривалството со Џејмс Хант од 1976 година, кога Британецот му ја одзема титулата со само еден бод предност. Тоа ривалство послужи и за снимање на познатиот филм – Rush.