Апенините „горат“: Роналдо го сака Мурињо во Јувентус!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо покажал желба Жозе Мурињо да го преземе Јувентус.

Во понеделникот „Газета дело Спорт“ објави информација дека еден од најдобрите фудбалери во светот го прашал сонародникот да дојде во Торино, а веднаш следуваше реакција и од Мурињо.

„Еден од фудбалерите со кои имам одличен однос ми кажа дека треба да го преземам тимот, кадешто тренира тој. Јас му одговорив дека таму не ме сакаат“, вели Мурињо, но не откри за кој тим станува збор.

Инаку, Мурињо е без ангажман, откако во декември доби отказ од Манчестер јунајтед, па во претходниот период се поврзуваше со многу екипи, а наскоро се очекува да се врати на работа.