Дибиров откри како се чувствувале кога Самсоненко соопштил дека заминува од Вардар (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров во емисијата „Еден на Еден“ со Жарко Димитриоски, откри како се чувствувале тој и неговите соиграчи, откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко им соопштил дека ќе го напушти Вардар.

Неодамна Самсоненко откри дека ќе го напушти Вардар, а потоа се појави можност да инвестираат државни компании во „црвено-црните“, како и Русинот да остане со одреден процент во клубот.

Сепак, засега нема ништо конкретно, па се очекуваат повеќе детали наскоро за идната на македонскиот шампион и поранешен освојувач на Лигата на шампиони.

„Бев изненаден исто како и моите соиграчи кога го дознавме тоа. Кога ни беше соопштено дека Самсоненко би можел да замине, ние бевме мрвти на состанокот“, кажа Дибиров меѓу другото, а целата негова изјава може да ја погледнете на видеото.